МКД  |  ENG
         
 
         
 
 
 
Обука за внатрешна ревизија во акционерски друштва ...
Друштвото за ревизија Мур Стивенс ДОО Скопе успешно организираше обука за Процедури за организација и работење на Служба ...
Воведување на служба за внатрешна ревизија ...
Согласно измените на ЗТД од 09.04.2010 година предвидено е сите акционерски друштва кој се големи трговци, чии акции кот ...
Ажурирање на Меѓународни стандарди за ревизија (МС ...
Со објавувањето на Меѓународните стандарди за ревизија (МСР) во Сл.весник на РМ бр.79 од 11.06.2010 година се изврши ажу ...
 
 
 
 
Ревизија

Ревизијата е дефинирана во Законот за ревизија (Закон) според кој претставува независно испитување на финансиските извештаи или консолидираните извештаи и на финансиските информации, со цел да се изрази мислење во врска со нивната виситинитост и непристрасност и нивната усогласеност со прифатената рамка за финансиско известување.

Кој може да врши ревизија?

Согласно Законот за ревизија, ревизија врши друштво за ревизија, основано како трговско друтво, и овластен ревизор, основан како трговец поединец, под услови и на начин утврден со овој закон и Законот за трговските друштва, доколку подеува лиценца за работа, за вршење на работи на ревизија.

Лиценца за работа за вршење на работи на ревизија на друштво за ревизија му се издава ако ги исполни следните услови:
  • има вработено најмалку двајца овластени ревизори на неопределено работно време;
  • мнозинството со право на глас во друштвото за ревизија се во сопственост на овластени ревизори и
  • да има полиса за осигурување од општа одговорност, во износ утврден од страна на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија.
Лиценца за работа за вршење на работи на ревизија на овластен ревизор-трговец поединец му се издава под услов да поседува лиценца за овластен ревизор.
Овластен ревиозор може да основа само едно друштво за ревизија.

Кој има обврска за ревизија на своите финансиски извештаи?

Согласно член 478 од Законот за трговски друштва (ЗТД) под ревизија се подведуваат следните трговци:
  • големи и средни трговци* организирани како акционерски друштва;
  • друштва чии хартии од вредност котираат на берза и
  • големи и средни трговци организирани како друштва со ограничена одговорност.
*) средни трговци се трговци кои во последните две пресметковни години, односно во првата година од работењето ги задоволил најмалку два од можните три следни критериуми, и тоа:
  • просечен број на вработените врз основа на часови на работа да е до 250 работници;
  • годишниот приход да е поголем од 2.000.000 Евра и помал од 10.000.000 Евра во денарска противвредност или
  • просечната вредност (на почетокот и на крајот на пресметковната година) на вкупните средства (во активата) да е поголема од 2.000.000 Евра и помала од 11.000.000 Евра во денарска противвредност
*) големи трговци се сите кои не се распоредени како микро, мали или средни, односно со критериуми над оние за средни трговци.

Ревизијата на финансиските извештаи на друштвата мора да биде извршена најдоцна еден месец пред одржување на собирот на содружници, односно на собранието на акционери.

Сите трговци (друштва) кои имаат обврска за ревизија се должни согласно ЗТД, најдоцна 30 дена од денот на одобрување на финансиските извештаи, но не подоцна од 30 Јуни, истите заедно со Извештајот на независниот ревизор да ги достават до Централниот регистар на РМ. Во спротивно, постојат казнени одредби, како парични за друштвото и одговрното лице во друштвото, така и мерка на безбедност забарана за вршење на дејност во траење од три месеци до една година.
 
 
Други услуги на уверувања

Согласно потребите и барањата на клиентоте, Друштвото нуди и останати услуги на уверувања покрај ревизијата, како што се ангажмани на проверка (review), ангажмани на извршување на договорени постапки (agreed upon-procedures) и други ангажмани.
 
 
Консалтинг услуги

Даночни, финансиски и други советодавни услуги на своите клиенти (со исклучок на клиентите кај кои се врши ревизија согласно барањата на Законот за ревизија и Кодексот на етика на професионалните сметководители од јавна пракса).
 
 
Проценка на капиталот на друштва

Услуги на вршење на проценка на капиталот или средствата на друштвата (клиенти) врз основа на барање на самите клиенти за различни потреби (продажби, трансформации, утврдување на објективна вредност и сл.)
 
 
Вештачења

Услуги на вршење на вештачења било по барање на судовите, правните или физички лица за разни должничко-доверителски спорови.
 
 
 
почетна  |  легални информации  |  приватност  |  контакт информации