 |
| |
 |
| |
Друштвото за ревизија Мур Стивенс ДОО Скопје (МС) е основано кон крајот на 1998 година како едно од првите друштва за ревизија во Република Македонија формирано согласно донесениот Закон за ревизија од 1997 година под името Македонски Ревизорски Центар ДОО Скопје.
Во овој период друштвото доби привремено решение за обавување на дејноста ревизија врз основа на тогашните тековни законски одредби, додека во месец Декември 2002 година има добиено решение за трајна дозвола за работа од страна на Министерството за финансии на Република Македонија.
Почнувајќи од 27.Март 2009 година, Друштвото е полноправна членка на меѓународната ассоцијација на ревизорски друштва MOORE STEPHENS International Limited (www.moorestephens.com).
Во месец Септември 2009 година, согласно одлука на содружниците извршена е промена на називот на Друштвото од Македонски Ревизорски Центар ДОО Скопје во Мур Стивенс ДОО Скопје (Moore Stephens LTD Skopje).
Согласно промената на називот на Друштвото, во месец Декември 2009 година добиено е ново Решение за дозвола за работа за вршење на работи на ревизија на неопределено време од страна на Министерството за финансии на РМ.
Основна дејност на Друштвото е вршење ревизија на финансиските извештаи на компании, банки и осигурителни друштва во Република Македонија, како и ревизија на проекти финансирани од различни странски донатори и кредитори (Светска банка, Европска банка и други фондови).
Како резултат на својата професионалност во работата и стекнатиот углед Друштвото има склучени договори за вршење на ревизија со околу 40 клиенти во Република Македонија.
Друштвото вработува вкупно 12 лица, од кои 4 овластени ревизори, 5 сениори ревизори и 2 помлади ревизори и 1 техничко лице.
Структурата на вработените лица е следната:
Партнери и овластени ревизори:
- Антонио Велјанов
- Гоце Христов
- Марко Василев
Овластени ревизори:
Ревизори:
- Зоран Чакаровски
- Катарина Динева-Зикова
- Наташа Илиевска
- Милена Јованова-Димоска
- Марија Божиновски
- Дарко Велјанов
- Драгана Биковска
Техничка секретарка:
Биографиите на партнерите во друштвото МРЦ се дадени во делот за партнери во ревизија.
Кратки биографии за останатите вработени: |
| |
Вработен |
Статус |
Работно Искуство |
| Зоран Чакаровски |
ревизор и вешто лице |
25 години |
| Костадинка Китаноска |
сениор и овластен ревизор |
10 години |
| Наташа Илиевска |
сениор ревизор |
10 години |
| Катарина Динева-Зикова |
сениор ревизор |
7 години |
| Милена Јованова-Димоска |
сениор ревизор |
6 години |
| Марија Божиновски |
сениор ревизор |
6 години |
| Драгана Бикоска |
помлад ревизор |
2 години |
| Дарко Велјанов |
помлад ревизор |
2 години |
| Лидија Николиќ |
техничка секретарка |
6 години |
|
| |
| Вработени сениори ревизори Наташа Илиевска, Катарина Динева-Зикова, Милена Јованова-Димоска и Марија Божиновски се во постапка на полагање на испит при ИОРРМ и стекнување со уверение за овластен ревизор согласно Законот за ревизија. |